Шефот на Roscosmos после санкционирањето од САД: „Нека летаат на метли, не знам јас“

Објавено на 05.03.2022 во Новости



Шефот на Roscosmos после санкционирањето од САД: „Нека летаат на метли, не знам јас“

Русија престана да ги продава ракетните мотори на САД поради последица од санкции, изјави Дмитриј Рогозин во четвртокот, шефот на руската вселенска агенција Roscosmos.

„Во ваква ситуација не можеме да ги снабдуваме Соединетите Американски Држави со нашите најдобри ракетни мотори на светот. Нека летаат со нешто друго, со метли, не знам јас“, изјавил Рогозин на државната телевизија, пренесува Ројтерс.

Рогозин тврди дека од 1990 година, Русија на САД испорачала 122 мотори од моделот RD-180, од кои 98 се користени. Во склоп на одлуката, Русија ќе престане да ги сервисира ракетните мотори, што значи дека овие 24 мотори ќе бидат неискористени без помош од Русите во сервисирањето. Roscosmos најави и дека нема да соработува со Германија повеќе во истражувањето на Меѓународната вселенска станица (ISS). 

Од минатата недела, Русија ја нападна Украина со континуирани копнени и воздушни напади низ цела земја. Руските ракетни напади погодија многу станбени згради, сиропиталишта и детски болници, соопшти украинската влада. Руската кампања наиде на голема осуда од страна на меѓународната заедница и ги обедини западните нации. Затоа рускиот претседател Владимир Путин и неговите сојузници се санкционирани со низа блокади.

Автор: Aleksandar Stankov