Toyota: Вештачката интелигенција Yui ќе ги запознава патниците

Објавено на 21.10.2017 во Новости



Toyota: Вештачката интелигенција Yui ќе ги запознава патниците

Toyota планира да ги презентира официјално своите иновации во 2020 година во Јапонија, за време на Олимписките игри - софтверски решенија, смарт уреди и возила. Concept-i автономните возила на компанијата ќе бидат опремени со виртуелниот асистент Yui.

„Со вештачката интелигенција сакаме да го зголемиме и продлабочиме искуството со возењето и со тоа автомобилите повторно да ги направиме сакани“, изјавил Макото Окабе, генералниот менаџер на еден од одделите на Toyota за планирање во идното работење.

Тестирањето ќе започне во 2020 година, при што автомобилите ќе бидат многу поинакви од многу други компании што ги тестираат, оти ќе бидат опремени со вештачка интелигенција. Yui е креирана на тој начин што ќе разговара со патниците и возачите, така што ќе сака да ги запознае поубаво и да научи што сакаат, како се чувствуваат и кои се нивните навики. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}