Google Drive ќе нуди 100GB cloud простор

Објавено на 25.04.2012 во Новости



Google Drive ќе нуди 100GB cloud простор

 

Google ќе го стартува својот Google Drive cloud сервис и ќе нуди бесплатен простор од 5GB или 100GB ако изберете месечна претплата.

Google Drive ќе се фокусира на зачувувањето на сликите на корисниците и другите фајлови на cloud просторот, при што корисниците ќе можат од која било локација да пристапат до нив преку нивниот смартфон, таблет или десктоп PC.

GDrive ќе се натпреварува против сервисите како Dropbox и Box. Веројано ќе нуди опции како поголема интеграција со Android системот, но останува да го видиме тоа во неговата конечна верзија.