Со AirServer нема доцнење кај Apple

Објавено на 11.05.2012 во Новости



Со AirServer нема доцнење кај Apple

AirServer е апликација за iOS која емитува игри и апликации од еден уред со iOS на друг со истата платформа без какво било доцнење.

Најпрво погледнете го ова видео каде е прикажано емитување на игра од новиот iPad на Apple TV 3 и новиот Mac.

На видеото можеме да го забележиме доцнењето при емитувањето на Apple TV 3, при што кога се емитува истата слика на Mac нема никакво доцнење  - како двата уреди да се поврзани со жица, а не безжично.  Дури новата верзија на апликацијата поддржува и видео процесирање пред приказ на вториот уред, што создава уште подобри резултати.

AirServer фактички функционира на тој начин што го процесира дојдовниот доток на податоци во Mac (осветлување, сатурација, контраст) и потоа овозможува превртување на екранот вертикално или хоризонтало.

Можете само да замислите какви сè игри ќе се играат преку оваа апликација.

AirServer можете да го преземете од тука.