Нов Android телефон на Neo со 4 јадра за 160 долари

Објавено на 07.02.2013 во Новости



Нов Android телефон на Neo со 4 јадра за 160 долари

 

Neo е кинеска компанија чија популарност постојано расте на домашниот пазар, и има добри смартфони кои работат на Android што изгледаат сосема одлично на хартија, а се со ниска цена.

Уредот кој доаѓа, Neo N003, се уште не е официјално претставен, но познати се неговите карактеристики и цена. Овој смартфон има четири јадрен процесор, екран од 5.3 инчи со 720р, главна камера од 13МР и батерија од 3.000mAh. За сѐ ова што го нуди овој модерен телефон, цената ќе биде само 160 долари.

Но, сепак овие хардвер спецификации не мора да значат дека овој уред е толку моќен. Четири-јадрениот процесор е од типот MediaTek MT6589, кој има значително помалку коњски сили од 4-јадрениот SoC што вообичаено се користи во смартфоните од висока класа денес. Згора на ова, ќелијата од 3.000mAh не гарантира дека батеријата ќе држи долго, а камерата од 13МР нема да прави квалитетни слики доколку сензорот и оптиката се слаби.

Генерално, Neo N003 би можел да биде одличен телефон ако се земе во предвид ниската цената, но купувачите треба да знаат дека не треба да очекуваат чудо од него. Се очекува смартфонот да биде објавен во март, а во продажба да се најде за месец или два.