Видео: Директорот на Nokia крши iPhone на водител во емисија

Објавено на 22.03.2013 во Новости



Видео: Директорот на Nokia крши iPhone на водител во емисија

Стивен Елоп е еден од најмирните директори, во споредба со Стив Балмер од Microsoft кој секогаш знае да привлече медиумско внимание, но неговиот потег изненади многумина, откако му го скрши iPhone-от на упорниот водител во емисија во живо.

Водителот на финската телевизија беше упорен да дознае повеќе детали од директорот на Nokia за новиот супер смартфон кој сеуште се држи во тајност, а Елоп упорно инсистираше да говори за промоцијата на Nokia Lumia 620.

Потоа водителот извади iPhone од џеб и рече дека како финец очекува да види добар смартфон од Nokia и дека има голема верба во компанијата. Елоп му го зема телефонот и го тресна од земја, а потоа му вети дека ќе го замени со нов Nokia Lumia. Од целава комична работа може да произлезе нешто добро за водителот, кој покрај големата популарност што ќе ја стекне, сигурно ќе биде и првиот сопственик на новиот супер смартфон на Nokia. Во продолжение погледнете го целото видео и реакцијата на Стивен Елоп, директорот на Nokia.





Прочитајте повеќе: