Вип со уште еден роденденски подарок

Објавено на 17.09.2013 во Новости



Вип со уште еден роденденски подарок

По повод прославата на шесттиот роденден на Вип операторот, организиран е забавен награден SMS квиз, кој им овозможува на своите корисници да освојат неверојатни 600.000 денари. Тоа претставува главна награда, но покрај неа сите корисници се во трка и за дневната награда, која изнесува 10.000 денари.

Играта започнува од 16-ти Септември и ќе трае до 10-ти Ноември. За да се вклучите во наградната игра, потребно е да се регистрирате во истата така што ќе испратите SMS порака со текст DA на бројот 1466. Откако ќе се регистрирате, Вип ви дава бесплатен пробен период од три дена без било каков надоместок.

Играта се игра така што корисникот добива прашања на кои треба да одговара. Сетоа тоа би чинело 35 денари со вклучен ДДВ, како дневна претплата, а сите SMS пораки што се испраќаат на бројот 1466 се бесплатни. Со погодување на точните одговори корисникот освојува поени кои можат да му донесат некоја од наградите што се доделуваат секој ден или пак да ја освои главната награда.

Родендените секогаш се поврзуваат со забава, среќа и подароци. Така прославуваме и нив во Вип, заедно со нашите корисници. Покрај роденденската понуда, им овозможивме и наградна игра во која преку забава, знаење и малку среќа можат да освојат вредни награди. И на ваков начин покажуваме дека секогаш сме подготвени да понудиме повеќе за корисниците ,изјави Џакомо Тоњони, главен маркетинг директор на Вип оператор.

Повеќе информации за оваа наградна игра Вип, корисниците можат да добијат на веб страната на Вип www.vip.mk или со јавување во Вип контакт центарот на 077 1234.

 

Ѓорѓи Грговски