Speedtest.net со нови подобрувања и нов изглед
Објавено на 28.09.2013 во Новости
Speedtest.net најпопуларната апликација за мерење на брзините на интернет лансираше нова верзија во која има вклучено повеќе подобрувања, како и нов дизајн кој е многу попрегледен и полесен за користење.
Новата верзија е прилагодена и за Android 4.3 или пак некоја од последните верзии, а исто така во изработка е и посебна верзија на Speedtest.net наменета за таблети. Сега ќе може да ги меморирате сите направени резултати за брзината на интернетот според локацијата и времето.
Speedtest.net може да ја превземете бесплатно и за двете платформи. Тие што се на Android може да ја инсталираат апликацијата од Play Store, a корисниците на iOs од App Store. Доколку пак не сакате да ви се појавуваат огласи и реклами ќе треба да доплатите 0.99 долари за ad free верзијата на Speedtest.net.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.