По грешка продаден Nexus 5 со Key Lime Pie

Објавено на 14.11.2013 во Новости



По грешка продаден Nexus 5 со Key Lime Pie

Еден „среќен“ купувач на Nexus 5 забележал нешто невообичаено со неговиот нов смартфон кој наместо да работи на оперативниот систем Android 4.4 KitKat бил испратен со сеуште неофицијалната верзија на Android 5.0 Key Lime Pie.

Тоа го забележал во системските информации на смартфонот каде јасно пишува дека е инсталирана Android 5.0 Key Lime Pie верзијата, а моделот на софтверот е Hammerhead. Интересно е што корисникот морал да направи Flesh на смартфонот со официјалната верзија Android 4.4 KitKat.

Оваа приказна е навистина чуднa бидејќи вакви грешки не би требало да се случуваат, но познавајќи ја новата стратегија на Google за пуштање во јавноста на различни шпекулации за кои потоа се крева голема прашина, нема да бидеме изненадени ако овој потег е направен намерно.