Дојче Телеком го продава T-Mobile

Објавено на 18.01.2014 во Новости



Дојче Телеком го продава T-Mobile

Медиумите во САД пренесуваат дека постои можност T-Mobile четвртиот по големина американски мобилен оператор да биде продаден од страна на мнозинскиот сопственик Дојче Телеком.
 
 
Германскиот телекомуникациски гигант Дојче Телеком веќе пренел 67 проценти од акциите на холандски холдинг и за тоа се известени регулаторните тела на САД, а постои и можност T-Mobile USA целосно да биде продаден и тоа на конкурентен оператор.
 
 
Најзаинтересиран во овој момент е Sprint кој преку моќната банка SoftBank ќе понуди дури 50 милијарди долари за да го превземат T-Mobile USA кој во последните месеци се стекна со огромен број на корисници благодарение на новите политики за склучување на претплатнички договори кои се многу поволни.
Автор: Aleksandar Stankov