Моќниот Google ќе ги менува сообраќајните закони

Објавено на 26.02.2014 во Новости



Моќниот Google ќе ги менува сообраќајните закони

Google активно лобира пред законодавните органи со цел да се променат сообраќајните правила со кои е забрането да се користат електронски уреди за време на возењето, се со цел полесно да ги пласира паметните очила Google Glass.
 
 
За да ја исполни оваа цел Google ќе лансира медиумска кампања во која ќе тврди дека Google Glass воопшто не се закана за безбедноста на учесниците во сообраќајот и дека нема никаква опасаност. Со оглед на огромниот буџет со кој располага Google се очекува силно лобирање кај политичарите кои треба да издејствуваат попуштање на законските рамки во сообраќајот. 
 
 
Google успешно менаџира и со критичкото јавно мислење насочувајќи ги корисниците на Google Glass да ги почитуваат постојните закони и да не се доведуваат во опасност. Од друга страна им оди во прилог што не постoи силна јавна дебата за евентуални штетни последици, како што е силното противење на употребата на цигари и алкохол од влијателните општествени кругови.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ