И Оскарот оди кај Samsung

Објавено на 03.03.2014 во Новости



И Оскарот оди кај Samsung

Samsung Mobile изведе одличен трик на вчерашното доделување на филмските награди Оскар со селфи сликата на водителката Елен Деџенерис опкружена со најголемите филмски ѕвезди. Нејзината идеја за рушење на рекордот на реобјавени твитови се исполни и стана вистински хит на Twitter и социјалните мрежи.
 
 
Легендарната слика беше направена со популарниот фаблет Samsung Galaxy Note 3, заедно со повеќе селфи фотки на Елен Деџенерис, а освен со овој момент вечерта беше одбележана и со еден куп уреди на Samsung како еден од главните спозори на Оскарите.
 
 
Успехот на Samsung не ги воодушеви претставниците на Nokia кои го објавија најзајадливиот коментар дека сликите направени со Samsung Galaxy Note 3 биле матни, алудирајќи дека такво нешто не може да се случи со моќниот камера смартфон Nokia Lumia 1020.
 
 
Критичарите исто така коментираат дека и покрај огромната сума на потрошени пари на Samsung водителката зад сцената го користела својот приватен iPhone, што се смета за мало фијаско, но без оглед на се Samsung си ја заслужи златната статуетка.