Nokia тајно работи на паметни очила

Објавено на 17.03.2014 во Новости



Nokia тајно работи на паметни очила

Nokia ќе се обиде да му ги наруши сметките на Google со сопствени паметни очила за кои веќе доби патент и не само што компанијата има намера да ги пласира на пазарот, туку тврди дека имаат и многу поефикасна технологија за управување со истите која досега беше мудро чувана во тајност.
 
 
Во патент апликацијата на Nokia е наведенo дека паметните очила ќе имаат две вградени камери кои ќе го следат движењето на очите и гестовите со рацете за многу полесно управување и внесување на команди.
 
Nokia оваа технологија ја нарекува Near Eye Display или скратено NED и ќе биде интересно да се види одговорот на Google кој кон крајот на 2014 година треба да ги пушти Google Glass во продажба.