Обама не се откажува од BlackBerry
Објавено на 24.03.2014 во Новости
Барак Обама претседателот на Соединетите Американски држави ќе продолжи да го користи брендот BlackBerry за својата лична комуникација откако е проценето дека овие мобилни телефони имаат најголема сигурност.
Претходно весникот Wall Street Journal извести дека Белата куќа размилува да го замени канадскиот производител BlackBerry со употреба на Android или iPhone смартфони за персоналот, но оваа одлука најверојатно ќе биде одложена.
Од друга страна пак Пентагон реши да им даде шанса на Apple и Samsung во креирање на новата комуникациска мрежа која нема да зависи само од еден производител како BlackBerry.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.