Еве колку навистина вредат екстремно скапите Google Glass

Објавено на 02.05.2014 во Новости



Еве колку навистина вредат екстремно скапите Google Glass

Сајтот TechInsights направи интересна анализа која докажува колку навистина вредат компонентите на првите паметни наочари Google Glass кои се продаваат во ограничена серија по цена од ектремно високи 1500 долари.
 
Производството на Google Glass чини само 80 долари и е се работи за прилично едноставна конструкција со повеќе електронски компоненти, како и микрофон, камера од 5 мегапиксели, рамка, антена и батерија со капацитет од 570 mAh. Најскапа компонента е TI OMAP 4430 процесорот со 13.9 долари, додека за склопување на смарт очилата Google Glass се плаќа само 2.15 долари.
 
Тоа значи дека Google со продажба на паметните очила има екстра профит и досега Google Glass можеа да ги купат само одбрани купувачи од програмата Explorers, а наскоро се очекува да бидат пуштени и на пазарот за сите заинтересирани, секако по многу висока цена.




Прочитајте повеќе: