Sony Xperia ZL2 се придружи на големото друштво

Објавено на 09.05.2014 во Новости



Sony Xperia ZL2 се придружи на големото друштво

Sony Mobile овој пат реши прво да се посвети на домашниот пазар каде вообичаено и не баш најпопуларен, па затоа ја одбра Јапонија како прва земја која ќе има можност да го добие новиот Sony Xperia ZL2.
 
 
Станува збор за наследник на ланскиот Sony Xperia ZL кој служеше како подршка за премиум понудата со нешто поскромни компоненти, но Sony Xperia ZL2 има сосема поинаков концепт и нуди врвен квалитет со водоотпорен дизајн. Sony Xperia ZL2 има 5 инчен Full HD дисплеј со резолуција од 1080 x 1920 пиксели и работи на најновата верзија на оперативниот систем Android 4.4 KitKat.
 
 
Хардверската опрема кај Sony Xperia ZL2 исто така е на врвно ниво составена од четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 801 процесор, 3 GB RAM, 16 GB меморија, супер батерија од 3200 mah, како и незаменливата 20.7 мегапикселна Exmor камера. Цената и датумот на продажба, како и интернационалниот пласман на Sony Xperia ZL2 се уште не се откриени.