Sony со нова апликација Live on YouTube

Објавено на 18.06.2014 во Новости



Sony со нова апликација Live on YouTube

Sony Mobile промовираше нова апликација Live on YouTube која ќе ви овозможи преку камерата на смартфонот директно да емитувате видеа на најпопуларниот видео сервис. Најпрво апликацијата е достапна за премиум моделот Sony Xperia Z2, а потоа се очекува да пристигне и кај останатите Xperia смартфони.
 
 
Со Live on YouTube може во живо да пренесувате различни содржини и активности кои ги снимате со камерата на вашиот смартфон и апликацијата се активира со вашата корисничкa сметка на Google, a линкот од преносот може да го споделите со пријателите на Facebook или Gmail.