LG G3 во неверојатна вулканска авантура

Објавено на 21.06.2014 во Новости



LG G3 во неверојатна вулканска авантура

LG Mobile е свесен дека единствено преку правилниот пласман и агресивниот маркетинг може да успее во освојување на врвот со новиот супер смартфон LG G3 кој може да се пофали со премиум дизајн со метални елементи, рекорден Quad HD дисплеј, 16 мегапикселна OIS+ камера со ласерски фокус и моќен хардвер.
 
 
Затоа е снимена најновата авантура на LG G3 со фотографот Јунг-вон Парк и Џеф Маки професионален снимател на активни вулкани. Јунг-вон Парк е на пат кон Вануату на островот Амбрим за да го сними и фотографира првиот вулкан, бидејќи токму вакви снимки го мотивирале да стане фотограф. Секако, низ патувањето ги слика прекрасните пејсажи и убави моменти, со што доаѓа до израз камерата на LG G3.
 
 
Авантурата на Јунг-вон Парк завршува со спуштање во активниот вулкан со екипата на Џеф Маки од каде се прават импресивни снимки на пеколната лава. Во рекламата LG успеа суптилно да ги прикаже и останатите топ карактеристики како LG Knock Code, додека пак делот со камерата на LG G3 е навистина прекрасен и мора да се признае дека ја научиле лекцијата на Nokia која правни фантастични реклами за PureView камерата на Lumia смартфоните.