Google воведе одлични подобрувања на YouTube

Објавено на 01.07.2014 во Новости



Google воведе одлични подобрувања на YouTube

Новите промени на YouTube се многу значајни бидејќи се наменети за сите кои сакаат да станат автори на своја содржина која ќе може да ја постават на видео сервисот. Тука е апликацијата YouTube Creator Studio која ви помага да ги следите активностите на вашиот видео канал, да добивате навремени известувања за посетите, коментарите на гледачите и нивните реакции и ви дава едноставна аналитика.
 
 
Понатаму за аплоадирање на видеа на YouTube многу е важно да ги почитувате авторските права, па доколку снимите интересно клипче ќе треба да ставите и позадинска музика или фон. Тука може да ја искористите понудата на YouTube Audio Library во која ќе најдете огромен број на бесплатни музички позадини и ефекти.
 
 
Квалитетот на видеата на YouTube и понатаму ќе се зголемува со примена на уште подобрите видеа со 48 или 60 фрејма во секунда. За на крај, YouTube додава и можност за финансиска подршка на креторите на содржини од нивните фанови кои ќе може да донираат пари на нивните профили.