Работниците добиваат смарт шлем за ефикасна работа

Објавено на 08.09.2014 во Новости



Работниците добиваат смарт шлем за ефикасна работа

Компанијата DAQRI го креираше првиот смарт шлем за работници кој функционира на оперативниот Android, има моќен хардвер составен од два процесора на Qualcomm, како и вграден визир за виртуелен приказ на податоци. На прв поглед Smart Helmet потсетува на Google Glass но, има многу понапреден интерфејс, па разбирливо е што ќе чини неколку илјади долари.
 
 
Идејата на DAQRI е да создаде работнички шелм кој ќе најде примена во индустријата, особено за механичари, инжинери, раководители и персонал кој има потреба од постојан пристап до различни информации, податоци, шеми, распореди. 
 
 
На овој начин механичарите ќе може многу полесно да поправат одредена машина со детален виртуелен приказ на компонентите, а на пример раководителите на смени и надзорниците на градилишта или други објекти ќе знаат како се одвива процесот на работа и организација. 

Автор: Aleksandar Stankov