HTC наскоро со HTC One M8 Windows таблет

Објавено на 16.09.2014 во Новости



HTC наскоро со HTC One M8 Windows таблет

HTC полека станува омилен бренд на Microsoft со понудата на досега најдобриот Windows Phone 8.1 смартфон со пласманот на HTC One M8. Најновите информации велат дека се подготвува ново изненадување, а тоа е прв таблет на HTC кој ќе работи на Windows 8.1 оперативен систем и ќе се базира на моќта на HTC One M8.
 
 
Детали за големината на екранот и спецификациите се уште нема но, може да прогнозираме 8 инчен дисплеј, работа со четири-јадрен Intel Atom процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, додека пак дизајнот ќе биде изработен од премиум материјали со алуминиум. HTC One M8 Windows Tab го очекуваме кон крајот на есента.




Прочитајте повеќе: