LG G Pro 3 ќе се спушти од Валхала

Објавено на 25.09.2014 во Новости



LG G Pro 3 ќе се спушти од Валхала

LG Mobile го подготвува новиот фаблет планиран за празничната сезона и како што се очекуваше LG G Pro 3 ќе биде нивниот прв уред кој ќе работи на процесорот Odin од сопствено производство што ќе го замени Qualcomm, бидејќи не сакаше да ризикува и предвреме да го искористи кај премиум смартфонот LG G3.
 
Нордискиот бог Один треба да му „донесе“ огромна моќ на LG G Pro 3 како вистински конкурент на Samsung Galaxy Note 4 со осум јадрен процесор со полн капацитет на сите јадра, кои ќе работат на френкфенција на 2.5 GHz, со 3 GB RAM и супер издржлива батерија со капацитет од над 3000 mAh, додека пак станатите детали се уште не се познати.