Совет како да ги поврзете iPhone и iPad со ТВ или монитор

Објавено на 20.11.2014 во Новости



Совет како да ги поврзете iPhone и iPad со ТВ или монитор

Малиот екран на iPhone од 4 инчи понекогаш не е доволен за да уживате во гледање на HD видеа или филмови, а поголемите iPhone 6, iPhone 6 Plus и таблетите iPad не секогаш ги задоволуваат потребите како голем телевизор и можност убаво да се сместите на каучот. Затоа постои метод како да ги поврзете iPhone и iPad со телевизор, а за тоа ќе ви биде потребен адаптер за Lighting кабелот за влез во HDMI приклучок, додека пак за постарите модели има посебен адаптер за 30 пинскиот кабел.
 
 
Отакако ќе го приклучите кабелот телевизорот наместетe го за прием на слика од iPhone или iPad по што ќе добиете сигнал. За жал видео излезот не го исполнува Full HD стандардот од 1080p туку добивате пониска резолуција од 1600 х 900 пиксели, а исто така се забележува мало доцнење на сликата. 
 
Истата процедура важи и за поврзување со монитор, а доколку нема или не функционира HDMI приклучокот има посебен адаптер со VGA стандард. Цената на овие додатоци изнесува меѓу 30 и 50 долари. 
 




Прочитајте повеќе: