Apple тужен за манипулација со меморијата на iPhone

Објавено на 02.01.2015 во Новости



Apple тужен за манипулација со меморијата на iPhone

Apple се соочува со нова тужба од група на незадоволни корисници поради манипулација со меморијата на iOs уредите која има помал капацитет од прикажаното во рекламите и официјалните листи на спецификации.
 
 
Apple всушност најголем профит прави со моделите на iPhone и iPad кои имаат мемориски капацитет над 16 GB бидејќи ниту еден уред не доаѓа со мемориска картичка, а покрај тоа самиот софтвер зафаќа околу 20 проценти од меморијата, па за складирање на сите фајлови, слики, песни и видеа ќе немате доволно простор.
 
 
Целта на тужбата е Apple да ги објави вистинските бројки на достапна меморија, како и да им се овозможи на корисниците пристап до Cloud сервиси кои може да ги користите како виртуелни дискови. 
 
 
Се уште нема информации каков ќе биде правниот епилог на тужбата и дали Apple ќе биде принуден да ја смени својата политика во понудата или пак тужбата нема да произнесе никакви последици.




Прочитајте повеќе: