Google ги активира мобилните плаќања со Android Pay

Објавено на 27.02.2015 во Новости



Google ги активира мобилните плаќања со Android Pay

Google подготвува нова платформа за плаќања преку мобилен телефон Android Pay која ќе функционира на сите Android смартфони и на овој начин ќе понуди слична функција како и Apple Pay системот кој зема се поголем замав во САД. Промоцијата на Android Pay и сите функции ќе се одржи на конференцијата Google i/o во мај.
 
 
Android Pay ќе биде насочен кон сите брендови кои соработуваат со Google, што значи дека има потенцијални милијарди корисници ширум светот, но треба да понуди и безбедна и сеопфатна платформа за смартфонот да се користи за плаќање со било која банкарска картичка.