Моќниот Huawei Honor 4X доаѓа за само 200 евра

Објавено на 14.04.2015 во Новости



Моќниот Huawei Honor 4X доаѓа за само 200 евра

Huawei ја започна новата кампања Power Up за супер смартфонот Huawei Honor 4X кој наскоро ќе може да се порача преку интернет од нивниот веб шоп HiHonor по цена од околу 200 евра. За Huawei Honor 4X нема никакви сомнежи дека е еден од најдобро изработените кинески смартфони наменет за глобалниот пазар со солидни перформанси и пристапна цена, па да видиме што има да понуди.
 
 
Со Huawei Honor 4X ќе добиете модерен смартфон кој располага со 5.5 инчен HD дисплеј со резолуција од 720 х 1280 пиксел, моќен 64 битен осум-јадрен HiSilicon процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна главна и 5 мегапикселна селфи камера, 4G LTE конекција, како и батерија со капацитет од 3000mAh која може да обезбеди активна работа од два дена. 
 
 
Со овие спецификации и оперативен систем Android 5.0 Lollipop, Huawei Honor 4X се издвојува како еден од најисплатливите смартфони во средната класа, кој може да се најде и на европскиот пазар и не е ограничен само на кинеско тло.