Најавен Huawei Honor 4X - Кинеска магија за 100 евра

Објавено на 20.10.2014 во Новости



Најавен Huawei Honor 4X - Кинеска магија за 100 евра

Huawei Honor 4X ги помина задолжителните тестови на Кинеската агенција за комуникации и наскоро се очекува негов пласман по неверојатно ниска цена од 100 долари со што Huawei ќе атакува директно на најголемиот конкурент Xiaomi.
 
 
Купувачите за 100 евра ќе добијат 5.5 инчен HD дисплеј, четири-јадрен Snapdragon процесор со 64 битна архитектура за екстра перформанси, 2 GB RAM, 13 мегапикселна главна камера, меморија од 16 GB со слот за microSD картичка, 5 мегапикселна селфи камера, додека пак за софтверот ќе биде искористен Android 4.4 KitKat.
 
 
Со овој сетап на компоненти и екстремно ниска цена Huawei Honor 4X ќе биде новиот жежок смартфон во средната класа и сосема разбирливо е дека главната битка ќе ја води на кинескиот пазар, но со оглед на меѓународното присуство на брендот Huawei нема да не зачуди доколку овој супер смартфон пристигне и во Европа. 
 
Датумот на промоција не е официјално закажан, па според првичните проценки Huawei Honor 4X би дошол најдоцна во декември.