Sony и HTC збришани од топ 10, Samsung и Apple без конкуренција

Објавено на 25.05.2015 во Новости



Sony и HTC збришани од топ 10, Samsung и Apple без конкуренција

Според најновата статистика за првиот квартал на 2015-та едни од најпознатите мобилни брендови Sony Mobile и HTC целосно се збришани од топ 10 листата на најактивни производители, со што влегоа во рангот на Nokia, BlackBerry и Motorola.
 
*Lenovo stats include Motorola unit sales, all units are in millions
 
На врвот стандардно нема никакви изненадувања, па првото место и покрај намалениот обем на продажба повторно го држи Samsung кој произвел 82.1 милион смартфони, следен од Apple на второто место кој имаше рекорден прв квартал со дури 61.6 милиони смартфони, а на третата позиција пристигна Lenovo кој ги заслужува сите пофалби за разновидната и пред се квалитетна понуда во сите ценовни класи. 
 
 
Во топ 10 влегоа речиси сите позначајни брендови како Huawei, ZTE и Xiaomi, следени од новите предизвикувачи Coolpad, Vivo и Alcatel. Стандардно добар е и LG Mobile кој е на петтото место со произведени 15.4 милиони смартфони.
 
Автор: Aleksandar Stankov