Сегашната верзија на Skype се пензионира на 7 јули

Објавено на 12.06.2015 во Новости



Сегашната верзија на Skype се пензионира на 7 јули

Се ближи крајот на сегашната верзија на Skype, најавено е дека ќе се пензионира на 7 јули, а соопштението доаѓа од официјалниот блог на Skype.


 
"Ние го поедноставуваме вашето искуство на компјутер со една апликација, којашто може да ја користите со помош на глувчето и тастатурата или со допир", напишал Ага Гузик на официјалниот блог на Skype, главниот маркетинг менаџер на Skype.



Од 7 јули па натаму, сите што ја имаат сегашната верзија на Skype ќе им биде ажурирана со новата Windows Desktop апликација. Skype-ot за модерниот Windows е дизајниран за да се оптимизира со уредите што имаат екран на допир. Изгледа малку поинаку и ги поседува сите претходни карактеристики, исто како и десктоп верзијата на Skype, вклучувајќи ги видео повиците и разменувањето на инстант пораки. Skype за Windows Desktop е токму она што насловот го кажува - ви овозможува да го вклучите Skype директно од вашиот десктоп. Неговиот изглед е малку различен од модерната верзија, но ги поседува истите функции и карактеристики.



Секој што ќе се обиде да пристапи преку досегашната апликација на компјутерот после 7 јули, автоматски ќе биде пренасочен кон преземање на десктоп апликацијата. Не грижете се, нема да изгубите буквално се со најновите промени, вашите контакти и разговори од изминатите 30 дена ќе бидат достапни и после 7 јули. Ако користите Skype на вашиот Windows desktop, нема да имате потреба да правите никакви промени. Се уште нема вести за мобилните верзии на Skype, наскоро се очекуваат нови информации и за тој дел.