Хуманоидниот робот Pepper распродаден за 1 минута

Објавено на 24.06.2015 во Новости



Хуманоидниот робот Pepper распродаден за 1 минута

Ако сакате да имате робот-батлер што ќе ги поздравува гостите, ќе ги забавува децата и пријателите, имаме решение за вас - таков робот се појави на пазарот. SoftBank го лансира роботот Pepper и започна со продажба од саботата. Тој е интелигентен хуманоиден робот што може да препознава човечки емоции: лутина, тага, радост и има способност да одговори на нив.



Pepper е произведен во 1000 примероци за цена од 1.600 долари, а распродаден е за само 60 секунди. SoftBank не ја објавил категоријата на купувачи на Pepper, во смисла не знаеме дали за него се заинтересирани повеќе домаќинствата или фирмите. Компанијата напишала во соопштението за јавноста дека мислат дека роботот што препознава човечки емоции има голема вредност и цена. Фактот што сите примероци се продадени е доказ дека навистина е така.



Поради зголемените обврски општо на населението и осаменоста на луѓето во Јапонија, веруваме дека побарувачката за такви роботи ќе биде голема. Следните нарачки за Јапонија ќе бидат овозможени во јули оваа година, а следната година се планира и продажба на европски пазар.

Автор: Aleksandar Stankov