LG Nexus 2015 доаѓа со скенер и огромна 3D камера

Објавено на 30.07.2015 во Новости



LG Nexus 2015 доаѓа со скенер и огромна 3D камера

LG Mobile го стартуваше креирањето на новиот Nexus смартфон и Google има доверба во нив бидејќи освоија огромни симпатии за моделите Nexus 4 и Nexus 5. Сега се откриваат повеќе интересни детали од кои најмногу внимание привлекува протечената слика од задната страна на LG Nexus 2015.
 
 
Тука може да забележиме дека на задната маска има простор за камера со голема леќа и два сензора за 3D ефекти, потоа простор за скенер за отпечатоци слично како кај LG G3, а ќе биде употребен и голем LED блиц, најверојатно со три светла. Промоцијата на LG Nexus 2015 ако се оди според планираното ја очекуваме во текот на октомври.