YouTube го воведе транспарентниот интерфејс - Еве како изгледа

Објавено на 04.08.2015 во Новости



YouTube го воведе транспарентниот интерфејс - Еве како изгледа

YouTube по краток тест период го воведе транспарентниот интерфејс на менито со нов проѕирен и ефикасен изглед на контролите кои не одземаат голем простор и може подобро да се фокусирате на видеото кое го гледате.

Во горниот десен агол се наоѓаат копчињата за гледање подоцна и опцијата за споделување на интернет или социјалните мрежи. Во долниот десен агол на плеерот се наоѓа копчето за превод, потоа Settings со двојна брза и поединечна активација на опциите, како и за големина на видеото. 

Изгледот на иконите, контролите и копчињата е бел со црвени полиња за означување активност и е многу поминимален од претходниот. Сепак, YouTube не сакаше премногу да ризикува со првично планираниот целосно транспарентен интерфеј со проѕирни команди, но и ова е добар почеток.