LG го знае рецептот за новиот Nexus на Google
Објавено на 17.08.2015 во Новости
LG е убедливо најдобриот партнер на Google бидејќи двата Nexus смартфони кои ги изработи во минатите години најдобро се покажаа и со перформанси и со цена и по една година пауза подготвени се за новиот LG Nexus 5.
Ако досега имаше сомнежи најновите протечени слики откриваат дел од дизајнот на втората генерација на Nexus 5 кој би требало повторно да има пластична задна маска изработена во висок стил.
Покрај убавиот дизајн LG Nexus 5 ќе понуди 5 инчен Quad HD дисплеј, осум-јадрен процесор, 16 мегапикселна камера и батерија со капацитет од околу 3300 mAh. Главниот адут ќе биде во софтверот со Android M системот и долгогодишна подршка од Google за најновите надградби. Промоцијата на LG Nexus 5 ја очекуваме во текот на октомври.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.