Нов удар врз Flash - рекламите ќе се паузираат на Chrome

Објавено на 01.09.2015 во Новости



Нов удар врз Flash - рекламите ќе се паузираат на Chrome

Flash досега беше владетел над владетелите со рекламите, но денес на 1 септември станува историја. Сите напредни корисници, не само на Google Chrome прелистувачот, туку и на сите останати, инсталирале на своите компјутери некои од додатоците, кои ги блокираа здодевните, непријатните и иритирачките Flash реклами. Од 1 септември сите останати што не знаеле како да се борат против „Flash нападите“, ќе бидат мирни. Google Chrome воведува AdWords на својот Google+ профил и не е спорно тоа што Flash полека ќе заминува во пензија, без оглед на тоа што се уште го користат огромен број на сервиси и рекламери.

Значи, од 1 септември рекламите во Flash нема да се движат автоматски, туку ќе бидат паузирани, така што ќе се движат само ако корисниците сакаат да ги разгледаат. Новоста е најавена за Google Chrome бета верзијата пред три месеци, кога во Google отворено објавија дека сакаат да го подобрат корисничкото искуство за сурфање со нивниот веб прелистувач, а попат и да ги ослободат ресурсите на компјутерите, кои Google Chrome жестоко ги троши. Тоа беше всушност најголемата мана на Chrome. Flash нема да исчезне целосно, барем не сега, но на повеќето реклами кои се направени во него на AdWords автоматски им се извршува конверзија во HTML5.