LG Nexus 5 најдобро прикажан со скенер за отисоци

Објавено на 07.09.2015 во Новости



LG Nexus 5 најдобро прикажан со скенер за отисоци

Од очекуваниот премиум смартфон LG Nexus 5 протече можеби најквалитетната слика која ја открива задната страна на маската. Тука може да се забележи главната камера со двоен LED блиц и ласер за одредување на фокусот, а под леќата е сместен скенер за отисоци од прсти кој е во форма на метален прстен. 

LG и претходно има искуство со поставување на овие скенери на задната страна на смартфонот како поприродна за корисникот и побрза активација. LG Nexus 5 заедно со поголемиот брат Huawei Nexus 6 ќе бидат промовирани на 29 септември.