Samsung Gear S2 - во 2 верзии, достапен за продажба!

Објавено на 02.10.2015 во Додатоци



Samsung Gear S2 - во 2 верзии, достапен за продажба!

Samsung го реализира тоа што го соопшти, на пазарот излегоа две верзии на смартчасовници, кои и понатаму се со Tizen оперативен систем. Samsung Gear S2 е компатибилен и со било кој софтвер на Android 4.4 или поновите. Компанијата најави и дека при крајот на годинава ќе лансира и LTE верзија, која ќе функционира самостојно, без потреба од синхронизирање со други технолошки уреди. 

Новиот смарт часовник на Samsung доаѓа во две верзии, со различна цена - Samsung Gear S2 Silver(349,99 долари) и Samsung Gear S2 Classic Black(399,99 долари). Часовниците имаат одредени подобрувања и првите оценки се позитивни. Црниот модел е класичен стил и затоа е поскап, а одлуката на производителот за ова е поради пустата желба на корисниците да добијат часовник што ќе ги потсетува на традиционалните, но истовремено да биде модерен и паметен.

Автор: Aleksandar Stankov