Апликација за шегување со автомобилите на пријателите

Објавено на 21.10.2015 во Новости



Апликација за шегување со автомобилите на пријателите

Ако сакате да се шегувате со пријателите што се вљубени во своите скапи и луксузни автомобили, тогаш апликацијата „Dude, your car!“ е идеална за вас. На било која фотографија можете да додадете ефект на оган и пожар, кои делуваат толку реално, што секој ќе поверува дека возилото навистина гори. Погледнете како луѓето реагирале кога се шегувале со нив:

Погледнете ја скриената камера со оваа апликација, каде шегобиецот Денис Роуди ги лажеше луѓето дека се запалени нивните скапоцени автомобили. Тој ги фотографираше автомобилите што вредат по 200.000 долари, а потоа им додаваше ефекти за да изгледа како да горат. Dude, your car! апликацијата е достапна за Android и за iOS, а чини само 99 центи, односно 50 денари.