iPhone 7 - дали е ова конечниот концепт дизајн?!

Објавено на 21.11.2015 во Новости



iPhone 7 - дали е ова конечниот концепт дизајн?!

Концепт дизајни на новиот iPhone 7 пристигнуваат од сите страни, затоа што дизајнерите знаат дека нивните видеа ќе бидат вирални. На корисниците секогаш им е интересно кога ќе видат нов концепт дизајн на најновиот смартфон на Apple, кој ќе биде идниот предводник. Поминаа само два месеца од официјалното лансирање на iPhone 6s, а додека да излезе новиот iPhone 7 има речиси цела година до септември. 

Погледнете го видеото одозгора за новиот iPhone модел, подготвено од Џермејн Смит, кој ќе има поголем дисплеј, ќе биде полесен за користење, ќе нема home копче и на предната рамка речиси ќе нема празно место, туку дисплејот ќе биде речиси целосно распространет. Дали ова би бил конечниот концепт дизајн на iPhone 7? Не веруваме, но овој концепт многу ни се допаѓа. Вам како ви се чини?





Прочитајте повеќе: