Samsung ја затвори последната фабрика во Кина

Објавено на 03.10.2019 во Новости



Samsung ја затвори последната фабрика во Кина

Samsung Mobile ја затвори и последната фабрика во Кина и повеќе во оваа земја нема да произведува свои смартфони делејќи го производството во Индија и Виетнам.

На кинескиот пазар се повеќе доминираат домашните поевтини брендови кои ги има десетици, додека пак во премиум класата се повеќе доверба му се дава на Huawei во знак на поддршка додека трае трговската војна со САД.

Samsung во Кина ќе ангажира надворешни партнери за производство и планот е да се пласираат околу 40 милиони вакви уреди следната година.