Официјално се знае кога доаѓаат новите смартфони на Sony

Објавено на 15.01.2020 во Новости



Официјално се знае кога доаѓаат новите смартфони на Sony

Sony Mobile веќе и официјално потврди дека на 24 февруари во очи на Светскиот мобилен конгрес 2020 кој се одржува во Барселона ќе ја одржи својата официјална промоција на која ќе бидат претставени новите мобилни уреди.

Засега се очекува следниот месец да биде презентиран новиот квалитетен смартфон Sony Xperia 5 Plus со Android 10 оперативен систем, повеќе камери на задната страна и одличен осум-јадрен процесор. 

Од самиот промотивен настан на Sony Mobile ќе има и пренос на живо преку онлајн стриминг па речиси сите ќе може да го проследат.