Nokia 9.3 и Nokia 7.3 доаѓаат на крајот на летото

Објавено на 12.04.2020 во Новости



Nokia 9.3 и Nokia 7.3 доаѓаат на крајот на летото

HMD Global не се брза со лансирањето на новиот премиум смартфон и затоа го прескокнува мартовскиот или пролетен циклус на презентација на „флегшип“ модел чувајќи ги главните адути за некаде на крајот на летото или раниот почеток на септември.

Следниот премум смартфон ќе биде Nokia 9.3 кој би требало да располага со огромен дисплеј нешто под 7 инчи, ќе работи со моќен осум-јадрен Snapdragon 865 процесор со 5G мобилна конекција, главна PureView камера со повеќе сензори и батерија со капацитет од 4500 mAh со супер брзо полнење.