Pantech Vega – непознато, но добро

Објавено на 07.10.2011 во Новости



Pantech Vega – непознато, но добро

 

Искрено, тешко некој да има слушнато за оваа компанија која неодамна во САД го претстави нејзиниот најнов смартфон со Pantech Vega со LTE технологија и Android OS.
 
Иако не се знае како  би се покажал телефонот, ниту пак како ќе биде прифатен од јавноста, сепак од фотографиите се гледа дека има интересен дизајн, а „документите“ велат и добри перформанси.
 
Pantech Vega доаѓа со 4,5 инчен дисплеј и резолуција од 1280 x 800 пиксели. Ако и тоа не ве заинтересира, телефонот доаѓа со дво-јадрен процесор од 1.5GHz, 1GB RAM меморија, огромна батерија од 1,860 mAh, дури 16GB внатрешна меморија, NFC, T-DMD за гледање на TV и, веќе споменатата, LTE технологија.
 
Овој смартфон доаѓа од Јужна Кореја и се разбира дека најпрво ќе излезе таму, но има некои најави дека може да го видиме и на другите континенти.
 
Целта на ваквите компании е да понудат смартфони со добри перформанси, а пониска цена, за разлика од познатите компании кои нудат слични перформанси, но по која цена?!
 
Автор: Aleksandar Stankov