Xiaomi ги претстави Cyber One и Cyberdog со вештачка интелигенција

Објавено на 28.02.2023 во Новости



Xiaomi ги претстави Cyber One и Cyberdog со вештачка интелигенција

За време на MWC го Телефони.мк го посети и штандот на Xiaomi, кој што ги демонстрираше своите достигнувања во областа на вештачката интелигенција: роботот како човек CyberOne и кучето робот CyberDog и безжичните Xiaomi Wireless AR Glass Discovery Edition

Новиот модел на очила со проширена реалност имаат хардвер со Snapdragon XR2 процесор, кој што го има и Meta Quest Pro. Има и дисплеј што се поврзува со мобилен уред преку NFC за полесна контрола меѓу виртуелниот и реалниот свет.

CyberOne е прв изум од овој тип на роботи во Кина, затоа што има и „емотивна компонента“ и може да препознае човечки емоции и соодветно да возврати. Човеколикиот робот има тежина од 52 килограми, височина од 177 сантиметри, брзина од 3,6 километри на час и цена од 100.000 долари.