Ако не сакате огромни смартфони погледнете го новиот Sony Xperia 5 II

Објавено на 17.09.2020 во Новости



Ако не сакате огромни смартфони погледнете го новиот Sony Xperia 5 II

Sony Mobile во ера кога сите лансираат се поголеми смартфони со огромни екрани реши да го претстави новиот Xperia 5 II кој изненадувачки има дисплеј со големина од "само" 6 инчи.

Sony Xperia 5 II исто така располага со стапка на освежување на сликата од 120 Hz, 449 ppi густина на сликата, заштитно стакло Corning Gorilla Glass 6 и HDR BT.2020.

Во поглед на хардверот Sony Xperia 5 II работи со најмоќниот осум-јадрен Snapdragon 865 процесор, 8 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија, батерија со капацитет од 4000 mAh и брзо полнење од 21W. Sony Xperia 5 II ќе чини околу 900 евра.