Apple го вклучи 5G: iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max

Објавено на 14.10.2020 во Новости



Apple го вклучи 5G: iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max

iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max имаат 6.7 инчен дисплеј и ќе може да се преднарача на истите дати како и iPhone 12. Ќе биде достапен во сите верзии со 128, 256 и 512GB меморија, додека неговата почетна цена ќе биде 999 долари. 12 Pro и Pro Max имаат тројна задна камера, сите со резолуција од 12MP - широкоаголна, ултраширокоаголна и телефото камера со 4X оптички зум.

Pro моделите располагаат со LiDAR што се наоѓа до камерата. Тој мери колку должина му треба на светлото да дојде до предметот и назад. Затоа “iPhone го разбира светот околу себе“ и овозможува скенирање на просторот и користење на AR предмети. Се користи за автофокус, може брзо да идентификува предмети и до 6 пати да го скрати фокусот, а се користи и за снимање на фотографии и видеа.

Apple посебно става нагласок на квалитетот на камерата и фотографските и видео можностите што овозможуваат „искуство какво што не е можно со класични камери“. Моделот 12 Max Pro ќе чини 1099 долари, ќе биде достапен од 6 ноември, а во продажба излегува на 13 ноември. 

Претставен е и HomePod mini, смарт звучник со помали димензии и цена од 99 долари. Тука е и новиот MagSafe, интелигентнен систем за магнет за безжично полнење и поврзување со други додатоци. Ќе биде достапна и верзија за полнење на iPhone и Apple Watch истовремено.