Qualcomm го израдува Huawei со обновата на партнерството

Објавено на 14.11.2020 во Новости



Qualcomm го израдува Huawei со обновата на партнерството

Qulacomm носи добри вести за кинескиот производител на смартфони Huawei откако доби дозвола од американската влада да го продолжи нивното партнерство.

Засега во дозволата се опфатени достава на процесори кои имаат поддршка само за 4G мобилна конекција, што значи дека Huawei ќе има сигурен партнер за снабдување на уредите од пониските класи.

Наскоро се очекува Qualcomm да добие и дозвола за испорака на 5G мобилни процесори но, тоа ќе зависи во голема мера од политичката волја на американската влада.

Автор: Aleksandar Stankov