Google тврди дека не е паднат, почна големиот сеир

Објавено на 14.12.2020 во Новости



Google тврди дека не е паднат, почна големиот сеир

Google и натаму има огромни проблеми со достапноста на Gmail, YouTube и Docs, а корисниците веќе почнаа да се мајтапат на социјалните мрежи со мемиња.

Ако на Google Search пребарајте дали Google е паднат ќе ви одговори едноставно НЕ. Сепак, проблемите и натаму се присутни.

Дел од корисниците велат дека ова е денот кога Bing ќе стане конечно корисен. Други пак, велат дека уште сме 2020 година, па на трагедиите им нема крај.

Некои корисници пренесуваат дека видеа на YouTube може да се гледаат преку Incognito mode во Chrome. Исто така веќе се шири паника дека ќе бидат загрозени личните податоци на милиони корисници.

Според првите информации постои можност за DDoS напад врз серверите на Google што предизвикува преоптоварување. 

Некои на шега велат не можеш ни да пребараш на Google дали Google е паднат. BBC информацијата за падот на Google ја објави преку сервисот за вонредни вести.