Samsung го претстави Galaxy A03: Подобра камера и голема батерија

Објавено на 28.11.2021 во Новости



Samsung го претстави Galaxy A03: Подобра камера и голема батерија

Samsung го претстави новиот Galaxy A телефон, а новиот Galaxy A03 е буџетски уред со добра камера, добри спецификации и голем дисплеј. Новата A-серија има 6.5-инчен HD+ дисплеј и засек за предната селфи камера од 5MP. Неговиот дизајн го следел трендот на другите буџетски смартфони од Galaxy A серијата. 

Galaxy A03 има поддршка за Dolby Atmos аудио и доаѓа во црна, сина и црвена боја. Главниот сензор на задната камера изнесува 48MP со f/1.8 и 2MP сензор за длабочина со f/2.4. Ова е значителна надградба на во споредба со Galaxy A02, кој имаше 13MP главна камера.

Galaxy A03 под хауба има 8-јадрен 1.6GHz процесор, Samsung Exynos 7884 чип, а ќе го има во верзија со 3GB RAM меморија, 4GB RAM меморија и внатрешна меморија од 32GB, 64GB, или дури 128GB. Батеријата е огромна и изнесува 5,000mAh. Samsung се уште не ја открива цената и датата кога ќе го лансира новиот евтин смартфон.