Маск за Metaverse: Не е сигурен колку можеме да влеземе во "Metaverse"

Објавено на 27.12.2021 во Новости



Маск за Metaverse: Не е сигурен колку можеме да влеземе во "Metaverse"

Марк Цукерберг го претстави концептот на виртуелниот свет Metaverse, и предизвика бранови од коментари за овој нов технолошки сегмент, во кого се вложија огромни суми на пари. Некои имаат позитивни ставови и ја гледаат иднината во ова, а други пак мислат дека е голема глупост.

Шефот на Tesla и SpaceX, Илон Маск, е познат по неговите необични идеи и провокативни коментари. „Да, може да го ставите телевизорот на својот нос, но не сум сигурен дека тоа ќе ве воведе во "metaverse"“, коментирал Маск, додавајќи дека идејата да го доближи екранот на лицето и да го носи така цел ден, не му е баш соодветно. 

„Ќе ви стане неудобно ако го ставите тоа нешто на главата цело време. Мислам дека уште сме многу далеку од тоа да исчезнеме во metaverse“, вели Маск. За него подобра алтернатива е она што го прави Neuralink - чип што хируршки може да се имплантира во мозокот. „Долгорочно гледано, софистицираниот Neuralink, би можел тотално да ве воведе во виртуелната реалност“, смета Маск.