Tesla Inc. со највисока заработка досега - 5,5 милијарди долари

Објавено на 27.01.2022 во Новости



Tesla Inc. со највисока заработка досега - 5,5 милијарди долари

Tesla Inc. е производител на електрични автомобили, кој постојано ги соборува своите рекорди. Во 2021 година поставил рекордна заработка во споредба со било која година досега.

Компанијата на Илон Маск објави заработка од 5,5 милијарди долари, што е еднакво на 665% повеќе во споредба со 2019 година. Прометот е зголемен за 71%, што е еднакво на 53,8 милијарди долари. Во 2021 година се испорачани 936.000 возила, што е зголемување од 87%.